Адријана Поповски: Желбата за сопствен бизнис стана реалност со AVON

06 Ноември 2017

Адријана Поповски по професија дипломиран машински инжинер, вработена во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, како предметен наставник. Паралелно работи како претставник во интернационалната компанија AVON веќе 8 години, додека на позиција Јуниор менаџер работи две години.

- Зошто почнавте да соработувате со Авон?

Поповски: Од секогаш мечтаев да имам свој личен бизнис, да бидам сама свој шеф и успешна жена-менаџер. Ја сакам многу козметиката и ги почитувам убаво средените жени. Па така ми се роди идеја да почнам нешто дополнително и атрактивно да заработувам и да уживам во продажба со козметика. Се спријателив со AVON од 2009 година и ете уште сме верни пријатели.

- Што точно претставува позицијата Јуниор менаџер и колку ве исполнува таа работа?

Поповски: Многу одговорна позиција која менаџира структура од минимум 70 луѓе, истата бара комуникација и работа по околу 2 часа дневно. Самата работа опфаќа соработка со сопствениот тим, мотивација на истиот, назначување и тренирање на нови претставници и лидери, информирање за настани и програми, присуство на состаноци, обуки, конференции, забави и слично. Оваа работа ме исполнува максимално.

- Што ве мотивира денес во работата со Авон?

Поповски: Најмногу ме мотивираат сезонските бонуси и мотивационите програми, како и наградите и признанијата.

- На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?

Поповски: Во развивањето на сопствениот бизнис компанијата ми помага преку бесплатните обуки и материјали, организирани настани, атрактивни брошури на секои три недели исполнети со премногу нови производи, тука ќе ги споменам и Зоналните менаџери кои ни помагаат во начинот на работа и нашиот развој преку одредени процеси.

- Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат вашите пријатели и семејството?

Поповски: Па како нормална, комуникативна и успешна бизнис жена.

- Како правите рамнотежа меѓу професионалните обврски и личните обврски?

Поповски: Постои една поговорка која вели „Кога се сака се се може“. Кој сака дополнително да заработува и да биде успешен на секое поле си наоѓа време, начин и место.

- Какви награди и бонуси сте добиле до сега во AVON?

Поповски: На секои две кампањи т.е шест недели, добивам подароци како и сезонски бонуси кои ме мотивираат максимално, најголем бонус кој го имам добиено е 24.000 денари.

- Која е вашата главна стратегија за зголемување на тимот на претставници и заработувачка?

Поповски: Ако поседуваш позитивна енергија и ако знаеш и умееш да ја пренесеш на луѓето, паралелно им служиш како репер за и тие да бидат како Ти. Заработувачката потоа си доаѓа сама по себе.

- Што планираш да правиш во следните 3 години, односно дали и понатаму се гледаш на оваа позиција во AVON?

Поповски: Па во следните години планирам да си го зголемам својот состав и се гледам на повисока позиција. Најмалку Сениор менаџер, а најмногу Бизнис менаџер. Знам дека умеам и можам да го постигнам тоа. Верувам во себе!

Комерцијална објава