Прегазен пешак од Куклиш

05 Ноември 2017

Пешак од селото Куклиш настрада откако на него удрило возило на регионалниот пат Струмица - Банско, на излезот од селото Куклиш. Настанот се случил вчера во раните утрински часови, околу 04:30 часот.

Полицијата соопшти дека станува збор за  А.А. (72 години) од Куклиш, кој од повредите починал. Не е познато какво возило и кој управувал со него во несреќата, бидејќи возачот го напуштил местото.

Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи - Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.