Марија Алексова, Јуниор менаџер во AVON: Можностите околу вас се неограничени

31 Октомври 2017

Марија Алексова, Јуниор менаџер во AVON. Сопруга и мајка на два сина, вработена како наставник по одделенска настава во Виница.

Зошто почнавте да соработувате со AVON?

Алексова: 2005 година во кампања 13 станав Авон претставник. Тогаш бев на породилно боледување и имав можност своето време да го вложам во некое свое хоби. Како љубител на козметиката тогаш одбрав тоа „хоби” да биде Авон.

Што точно претставува позицијата „Јуниор менаџер“ и колку Ве исполнува таа работа?

Алексова: Титулата Јуниор менаџер ми покажа колку вештини и умешности сум поседувала, за кои и не сум знаела дека ги имам. Ме прави горда и наградена за вложениот труд.

Што ве мотивира денес во работата со AVON?

Алексова: Ме мотивираат можностите кои ги нуди AVON, како и опцијата да бидеш сам свој шеф и сам да си одредуваш кога и колку време ќе вложиш во сопствениот бизнис. Секако тука се и примамливите програми и паричните бонуси.

На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?

Алексова: Бесплатни обуки и сè што е потребно за развивање на бизнисот е обезбедено од компанијата: програми за претставници, мотивациски програми, алатки за работа и фактот дека самото име AVON е светски бренд.

Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат Вашите пријатели и семејството?

Алексова: Луѓето од мојот тим понекогаш ме нарекуваат „нашата AVON lady”, додека пријателите и семејството ме гледаат како успешна и финансиски независна жена.

Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?

Алексова: Kога човек  внесува љубов и посветеност кон тоа што го работи, секогаш за сè може да најде време и лесно може да се постигне рамнотежа помеѓу професионалните и личните обврски.

Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON?

Алексова: Од многуте до сега, најдрага награда ми е „Ваучер за патување“ во вредност од 59.000 денари.

Која е Вашата главна стратегија за зголемување на тимот на Претставници и заработувачка?

Алексова: Упорноста, знаењето, тимскиот дух и истрајноста кои ги поседувам се основната алатка за зголемување и обучување на тимот на Лидери и Претставници, а со самото тоа и зголемување на заработувачката.

Што планирате да правите во следните три години, односно дали и понатаму се гледате на оваа позиција во AVON?

Алексова: И понатаму се гледам себеси во семејството на Авон, а времето ќе покаже дали тоа ќе биде истата позиција.

Комерцијална објава