Директори на училишта од Струмица учествуваа на регионална Конференција во Словенија

31 Октомври 2017

Директори на училишта од општина Струмица учествуваа на четвртата регионална Конференција на директори од југоисточна Европа која што се одржа во Љубљана, Словенија.

Конференцијата ја отвори министерката за образование на Словенија, д-р Маја Маковец Бренчич, а директорите имаа прием кај градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанкович.

На конференцијата беа разменети искуства и одржани предавања на повеќе теми со единствена цел зголемување на квалитетот во работата на директорите, а со тоа и на воспитно-образовниот процес во училиштата.