Во Струмичкиот храм на културата ревија на македонските народни носии

22 Октомври 2017

Вечерва во Центарот за култура во Струмица се одржа презентација на оригинални македонски народни носии од повеќе етнички предели на Македонија.

„Приближување на македонските народни носии преку мелосот на македонските музички инструменти“, е насловен овој несекојдневен настан на авторот и колекционер Антонио Стојчески, средношколец  од Скопје, збогатен со традиционална македонска музика во изведба на Филип Ричлиев од Струмица, инструменталист на македонски традиционални инструменти.

Антонио Стојчески преку ревија претстави народни носии кои се најдени при негови сопствени теренски истражувања и се во оригинална форма.

Со освоено признание за најдобар играорец, исклучително вешт и во рачни изработки, изработувач на носии, како и член на повеќе фолклорни асоцијации, Антонио е пример за млад човек кој со дела ја негува традицијата и работи на нејзина афирмација. Соработува со неговиот другар и колега Филип Ричлиев од Струмица, кој е инструменталист на повеќе македонски народни инструменти и е ученик во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип.

Народните носии пред струмичани ги презентираа играорците на Ансамблот „Тримери“ од Струмица...

ФОТОГАЛЕРИЈА