Боро Стојчев седна на градоначалничката фотелја во општина Ново Село

20 Октомври 2017

Новиот градоначалник на општина Ново Село од СДСМ и Коалицијата, денеска го презеде извршувањето на оваа функција од досегашниот градоначалник, Блажо Велков. Примопредавањето се изврши во Кабинетот на градоначалникот на општина Ново Село.

„Ќе ја градиме иднината на нашата општина Ново Село, заедно со граѓаните. Јас и мојот тим ќе ги реализираме ветените проекти. Мојот кабинет секогаш ќе биде отворен подеднакво за сите граѓани“ - рече во своето прво обраќање градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев.