Коста Јаневски ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

20 Октомври 2017

Досегашниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, му ја предаде градоначалничката функција на Коста Јаневски, кој од денеска е новиот градоначалник на општина Струмица. Јаневски ја презеде функцијата по добивањето на Уверението за избор од претседателот на Општинската изборна комисија.

Јаневски рече дека со голема чест и одговорност ја презема градоначалничката функција. Им се заблагодари на граѓаните за поддршката, кои во неговата програма ја препознале неговата визија и љубов кон Струмица, а потенцираше дека сака заедно со нив да ја градат иднината на Струмица.

На Локалните избори во неделата, мнозинството од излезени струмичани, го избраа новиот градоначалник на општина Струмица, Коста Јаневски, со 18.504 гласови, односно 59,45% од вкупниот број гласови.