Костадин Костадинов се прости од градоначалничката функција

20 Октомври 2017

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој привремено ја вршеше оваа функција, по заминувањето на Зоран Заев за пратеник во Собранието на Република Македонија, денеска, на последниот ден од вршењето на оваа функција, им се заблагодари на поддршката на вработените во општинската администрација и  граѓаните на општина Струмица, рече дека со д-р Коста Јаневски, општината ја остава во сигурни раце, а од позицијата пратеник во Собранието на Република Македонија, ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.

„Денеска, заврши мојата должност вршител на функцијата градоначалник на општина Струмица. Се чувствувам особено горд што ја имав можноста осум месеци да ја водам општината, која што 12 години се градеше по европски терк, која беше и останува најпосакувано место за живеење во Македонија. Предизвикот беше голем и сериозен за млад човек како мене, но претходно имав добар учител и само го следев патот што веќе беше трасиран од него. Го надополнив со повеќегодишното искуство како член на Советот и со големата љубов што ја имав и имам кон Струмица го продолживме нејзиниот развој заедно со Советот и поддршката од граѓаните“ - истакна Костадинов.

Тој јавно да му се заблагодарам на поранешниот градоначалник и актуелен премиер на Република Македонија, Зоран Заев, за довербата, како што рече, која што ми ја укажа и ми ја довери градоначалничката функција.