Ќе се собира отпадна електрична и електронска опрема

19 Октомври 2017

Општина Струмица заедно со ЈПКД „Комуналец“ организира Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема во периодот од 17 октомври до 17 ноември.

Се повикуваат сите жители на општина Струмица кои имаат електричен или електронски отпад, да го пријават преку телефонскиот број: 034/325-909 и договорат термин за негово бесплатно подигање од страна на ЈПКД „Комуналец“ од нивните домови.

„Сите заедно да вложиме труд во зачувувањето и заштитата на непосредната околина, а во исто време и унапредување за чиста и здрава животна средина“ - стои во апелот од општина Струмица.

За каков отпад може да пријавите и истиот биде подигнат од вашиот дом:

1. Големи домашни апарати

- фрижидер, шпорет, машина за перење, клима уред и друго

2. Мали домашни апарати
- пегла
- правосмукалка
- тостер
- фен

3. Компјутерска опрема

- компјутер
- печатар
- фиксен и мобилен телефон

4. Електронска опрема

- радио
- телевизор
- камера
- видео рекордер
- музички систем

5. Опрема за осветлување

- неонки
- сијалици
- расветни тела

6. Електрични и Електронски апарати

- бушалици
- пили
- машина за шиење

7. Електронски играчки и опрема

- видео игри
- справи за вежби
- играчки за батерии

8. Кабли, адаптери полначи за мобилен телефон.