Кои се новите членови во Советот општина Василево

19 Октомври 2017

Според конечните податоци од Општинската изборна комисија, во Советот на општина Василево, СДСМ и Коалицијата со освоените 3.288 гласа на шестите Локални избори 2017, ќе има 8 свои членови од предложената кандидатска листа, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 2.851 глас, ќе има 7 од вкупно 15 членови, колку што брои Советот на општина Василево.

Еве како би изгледал составот на Советот на општина Василево:

1. Крсте Панев - СДСМ

2. Сања Стојанова - ВМРО-ДПМНЕ

3. Фанче Томова - СДСМ

4. Наце Коцев - ВМРО-ДПМНЕ

5. Блаже Коцев - СДСМ

6. Сања Христова - ВМРО-ДПМНЕ

7. Неџат Меминов - СДСМ

8. Виолета Ристова - ВМРО-ДПМНЕ

9. Сандра Илева - СДСМ

10. Бранко Трајков - ВМРО-ДПМНЕ

11. Наташа Велкова - СДСМ

12. Марјанчо Трајков - ВМРО-ДПМНЕ

13. Костадинка Печеникова - СДСМ

14. Ракип Асанов - ВМРО-ДПМНЕ

15. Илми Мустафов - СДСМ

На Локалните избори што се одржаа на 15-ти октомври, жителите на општина Василево го избраа и новиот градоначалник, Марјан Јанев од СДСМ, со 3.604 гласови, односно 52,52% од вкупниот број гласови.