Кои се новите членови во Советот општина Ново Село

19 Октомври 2017

Според конечните податоци од Општинската изборна комисија, во Советот на општина Ново Село, СДСМ и Коалицијата со освоените 2.982 гласа на шестите Локални избори 2017, ќе има 8 свои членови од предложената кандидатска листа, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 2.626 гласа, ќе има 7 од вкупно 15 членови, колку што брои Советот на општина Ново Село.

Еве како би изгледал составот на Советот на општина Ново Село:

1. Валентина Попова - СДСМ

2. Павлина Георгиева - ВМРО-ДПМНЕ

3. Славе Стојанов - СДСМ

4. Блажо Петров - ВМРО-ДПМНЕ

5. Андреа Андреев - СДСМ

6. Божин Јованов - ВМРО-ДПМНЕ

7. Марија Манчева - СДСМ

8. Силвана Маркова - ВМРО-ДПМНЕ

9. Коста Котев - СДСМ

10. Симеон Танков - ВМРО-ДПМНЕ

11. Живка Костадинова - СДСМ

12. Панче Пандев - ВМРО-ДПМНЕ

13. Горан Цветков - СДСМ

14. Горан Котев - ВМРО-ДПМНЕ

15. Павле Вучков - СДСМ

На Локалните избори што се одржаа на 15-ти октомври, жителите на општина Ново Село го избраа и новиот градоначалник, Боро Стојчев од СДСМ, со 3.005 гласови, односно 52,13% од вкупниот број гласови.