Струмичанец повреден во сообраќајка кај Раброво

18 Октомври 2017

Вчера во 7:30 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во село Раброво, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило Фиат пунто, со струмички регистарски ознаки, управуван од Л.М. (35) од Струмица и автобус Мерцедес спринтер, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(59) од валандовското село Пирава.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Струмичката болница и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово - информираат од СВР Струмица.