Конечни и официјални резултати од Локалните избори во општина Струмица

18 Октомври 2017

Според конечните и официјални резултати од Локалните избори 2017-та во општина Струмица, од запишани 49.318 граѓани во избирачкиот список, на гласање излегле 31.124 граѓани или 63,11%.

Од нив за кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Коста Јаневски, гласале 18.502 граѓани, а за нивната советничка листа, 18.206 граѓани, додека за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Марјан Бајрактаров, гласале 11.751 граѓанин, а за нивната советничка листа, 11.760 граѓани. 871 ливче за градоначалник биле прогласени за неважечки, а 1.159 неважечки ливчиња за листата на советници.

До Општинската изборна комисија во Струмица, во изминатиот 48-часовен рок нема доставено ниту еден приговор на изборниот процес во општината.

СДСМ и Коалицијата освоија 14 советнички места, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 9 советнички места во Советот на општина Струмица.

Еве како би изгледал составот на Советот на општина Струмица:

1. Марјан Даскаловски - СДСМ

2. Александар Донев - ВМРО-ДПМНЕ

3. Јосиф Христов - СДСМ

4. Томе Лазаров - ВМРО-ДПМНЕ

5. Наташа Хаџи-Еленова - СДСМ

6. Ели Панова - ВМРО-ДПМНЕ

7. Зоран Костадинов - СДСМ

8. Сашо Милковски - ГРОМ

9. Славјанка Михајловиќ - СДСМ

10. Бобан Малинов - ВМРО-ДПМНЕ

11. Митко Бонев - СДСМ

12. Ирена Бабамова Стојчева - ВМРО-ДПМНЕ

13. Нада Бајрактарова - СДСМ

14. Ѓорге Јовов - Социјалистичка партија

15. Атиџе Мемедова - СДСМ

16. Митко Дрвошанов - ВМРО-ДПМНЕ

17. Бранко Божинкочев - СДСМ

18. Мимоза Костуранова Алексиќ - ВМРО-ДПМНЕ

19. Бајрам Мустафов - СДСМ

20. Снежана Тасева - СДСМ

21. Ацо Ѓоргиев - СДСМ

22. Верица Буралиева - ЛДП

23. Александар Нанчев - ВМРО народна

Советот на општина Струмица се очекува да се формира во текот на следната недела, кога би ја преземал и функцијата новоизбраниот градоначалник, Коста Јаневски, односно по добивање на Уверенијата на избраниот градоначалник и на членови на Советот. Неофицијално, нов претседател на Советот на општина Струмица би бил Јосиф Христов од СДСМ, кој оваа функција ја извршуваше и во претходниот мандат.