Кои се новите членови во Советот општина Струмица

16 Октомври 2017

Според првичните податоци од Државната изборна комисија, во Советот на општина Струмица, СДСМ и Коалицијата со освоените 18.206 гласови на вчерашните Локални избори, би имала 14 свои членови од предложената кандидатска листа, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 11.760 гласови, би имала 9 од вкупно 23 членови, колку што брои Советот на општина Струмица.

Еве како би изгледал составот на Советот на општина Струмица:

1. Марјан Даскаловски - СДСМ

2. Александар Донев - ВМРО-ДПМНЕ

3. Јосиф Христов - СДСМ

4. Томе Лазаров - ВМРО-ДПМНЕ

5. Наташа Хаџи-Еленова - СДСМ

6. Ели Панова - ВМРО-ДПМНЕ

7. Зоран Костадинов - СДСМ

8. Сашо Милковски - ГРОМ

9. Славјанка Михајловиќ - СДСМ

10. Бобан Малинов - ВМРО-ДПМНЕ

11. Митко Бонев - СДСМ

12. Ирена Бабамова Стојчева - ВМРО-ДПМНЕ

13. Нада Бајрактарова - СДСМ

14. Ѓорге Јовов - Социјалистичка партија

15. Атиџе Мемедова - СДСМ

16. Митко Дрвошанов - ВМРО-ДПМНЕ

17. Бранко Божинкочев - СДСМ

18. Мимоза Костуранова Алексиќ - ВМРО-ДПМНЕ

19. Бајрам Мустафов - СДСМ

20. Снежана Тасева - СДСМ

21. Ацо Ѓоргиев - СДСМ

22. Верица Буралиева - ЛДП

23. Александар Нанчев - ВМРО народна

Кој ќе биде новиот претседател на Советот на општина Струмица, ќе одлучи мнозинството на првата своја седница, која би требало да ја закаже досегашниот претседател, Јосиф Христов, по официјално објавување на резултатите и добивањето на уверенијата на избраните членови од страна на ДИК.

На вчерашните Локални избори струмичани го избраа и новиот градоначалник на општина Струмица, Коста Јаневски од СДСМ, со 18.504 гласови, односно 59,45% од вкупниот број гласови.