Обраќање на кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Бајрактаров

13 Октомври 2017

„Додека размислувате на кого ќе го дадете својот глас на денот на изборите, сетете се дека оној на кој ќе му ја дадете шансата да управува со градот, е повикан да ги заштити вашите интереси, а не да го води вашиот живот“ - вели во своето обраќање до граѓаните на Струмица, кандидатот за градоначалник, Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Почитувани сограѓани,

Како што ветив на денот на потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, изминатите денови водевме позитивна изборна кампања.

Убеден сум дека успеавме доследно да ги претставиме нашата програма и кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Верувам дека и јас како кандидат за градоначалник, успеав да ви го приближам мојот карактер и мојата идеја за рамномерен развој и праведно управување со општината.

Како човек со долгогодишно работно искуство, лично верувам дека тимската работа носи најголем резултат. Затоа и кампањата беше насочена кон претставување и на капацитетот на кандидатите од советничката листа.

Верувам дека успеавме да ви ја презентираме нашата визија за развој на општината преку проектите кои ги предлагаме.

Почитувани сограѓани,

Пред вас е избор на новиот татко на градот и избор на Совет, со кој заедно ќе работи за граѓаните. Пред да одлучите на кого ќе ја да дадете довербата, Ве молам да размислете:

Дали досегашната локална власт одговори на вашите потреби како граѓани?

Дали локалната власт ги има исполнето ветувањата дадени во нивната претходна програма?

Дали за вас е прифатливо да гласате за исти и неисполнети ветувања?

Додека размислувате на кого ќе го дадете својот глас на денот на изборите, сетете се дека оној на кој ќе му ја дадете шансата да управува со градот, е повикан да ги заштити Вашите интереси, а не да го води вашиот живот.

Потребна е храброст и мудрост да се донесе правилна одлука.

Ве повикувам да донесеме одлука за вистинска промена, нова енергија и нови перспективи за Струмица.

Сите заедно, на 15-ти октомври масовно да излеземе и да гласаме за промени во Струмица.

Заокружете го бројот 13 за мене како кандидат за градоначалник.

Заокружете го бројот 13 за советничката листа за ВМРО-ДПМНЕ.

Заокружете го бројот 13 за Вас, за Струмица.