Александар Донев: Изборите во недела се можност да се стави крај на 12-годишното владеење на една политичка гарнитура

13 Октомври 2017

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и носител на листата на членови за Советот на општина Струмица, Александар Донев, во своето обраќање пред граѓаните на општина Струмица, кои во недела ќе избираат нов градоначалник и членови на Советот, вели дека струмичани на 15-ти октомври имаат шанса да кажат што мислат за сите неостварени ветувања на Социјалдемократскиот Сојуз.

Почитувани сограѓани,

Со оваа обраќање Ви изразуваме задоволство и благодарност што во деновите од кампањата на сите средби и пред секој домаќински праг не пречекавте со искрен збор на добра волја и доверба.

Нудиме програма посветена на граѓаните со повеќе конкретни проекти направена во соработка и по мерка на граѓаните. Со визија да ги подобри условите за живот во општина Струмица.

За разлика од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, кои решија во изборната кампања своите кандидати за советници да ги кријат од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“, своите кандидати за советници ги претставија преку промоција на проекти од програмата за Локалните избори.

Пред Вас стои тим на млади и образовани луѓе, со мисија во локалната самоуправа чесно и неуморно да решаваат проблеми, предлозите да ги преточуваат во остварени проекти и да ја оправдат Вашата доверба.

Изборите во недела се можност да се стави крај на 12-годишното владеење на една политичка гарнитура, која досега имаше можност да направи многу повеќе за Струмица.

Струмичани знаат дека на 15-ти октомври имаат шанса да кажат што мислат за сите неостварени ветувања на Социјалдемократскиот Сојуз.

Одговорот на граѓаните започнува во недела, сите ние имаме заедничка задача, Струмица да ја вратиме во рацете на граѓаните.

Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ,

Во деновите на кампањата преку размена на идеи, со соседи и пријатели, во духот на нашите вредности, успешно ја претставивме нашата идеја за европска Струмица. Одлучно застанавме на браникот на општината и татковината и во оваа прилика Ви изразувам благодарност.

Драги сограѓани,

Денот на изборот е празник на демократијата. Правото на секој граѓанин да го направи својот избор е свет принцип.

Одржувањето на фер и демократски избори е најголем испит за современа демократија.

Ве повикувам во недела да ги надминеме поделбите и сите заедно да го запреме помрачувањето, да прифатиме дела и решенија и да создадеме ново утро и нова Ера за нашата општина Струмица.

Масовно да излеземе во недела и со заокружување на бројот 13, да го дадеме својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

За доброто на општина Струмица, во недела заокружете го бројот 13 за листата на кандидатите за Советот и кандидатот за градоначалник на општина Струмица, господин Марјан Бајрактаров.