Светскиот готвачки крем доаѓа во Струмица

13 Октомври 2017

Шеесеттина врвни Master Chef судии и околу 300 натпреварувачи и гости од цел свет го потврдија учеството на најголемиот кулинарски настан во поширокиот регион.

Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, годинава ќе се одржи од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот „Вила Парк“.

Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, со несебична логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.