Традиционални Ноќни крос трки по булеварот „Маршал Тито“

12 Октомври 2017

И годинава „Ноќни крос трки“ во Струмица, кои традиционално се одржуваат по повод празникот 11-ти октомври, за учениците од основните и средните училишта, кои трчаа долж булеварот „Маршал Тито“, односно од кружниот тек кај главната пошта до ТЦ „Глобал“.

Кај средношколците, во категоријата I година - машки, првото место го освои Горан Василев од СОУ „Димитар Влахов“, втор Дине Цветанов од СОУ „Никола Карев“, а трет Никола Вангелов од СОУ „Димитар Влахов“, додека кај девојките од I година првото место го освои Елена Панеска од СОУ „Јане Сандански“, зад неа беше Марија Србакова од СОУ „Димитар Влахов“, а трета Лилјана Колева од истото училиште.

Од II година кај машките најбрз беше Кире Митков од СОУ „Јане Сандански“, втор Бојан Атанасов од СОУ „Никола Карев“, а на третото место Атанаско Костадинов од СОУ „Димитар Влахов“. Кај девојките најбрза беше Радица Чонева од СОУ „Димитар Влахов“, втора Александра Стојанова од СОУ „Никола Карев“, трета Ана-Марија Пола од СОУ „Никола Карев“.

Во категоријата III и IV година средно образование - машки, првото место го освои Зоран Андонов од СОУ „Никола Карев“, зад него беше Ѓорги Гогов од СОУ „Димитар Влахов“, а третото место го освои Денис Јованов од СОУ „Никола Карев“. Кај девојките најдобра во крос трчање беше Љупка Димитрова од СОУ „Никола Карев“, втора Кети Стаменова од СОУ „Јане Сандански“. Третата награда не беше доделена.

Кај учениците од основните училишта - категорија VI одделение машки, првото место го освои Филип Митев од ООУ „Видое Подгорец“, втор Ристе Голубов од ООУ „Герас Цунев“ Просениково, додека трет Мартин Милошевски од ООУ „Маршал Тито“ Муртино. Кај девојките прва Марија Германлиева од ООУ „Никола Вапцаров“, втора Тамара Костова од ООУ „Видое Подгорец“, а третото место го освои Стефанија Митева од ООУ „Сандо Масев“.

Кај седмоодделенците машки, првото место го освои Ристе Петров од ООУ „Видое Подгорец“, второто за Живко Крстев од ООУ „Маршал Тито“ Муртино, а трето место за Марко Велески од ООУ „Видое Подгорец“. Кај девојките прва беше Билјана Панеска од ООУ „Сандо Масев“, втора Марија Донева од ООУ „Маршал Тито“ Муртино, додека третото место го делеа Милица Пандева од ООУ „Маршал Тито“ Муртино и Антигона Џорлева од ООУ „Сандо Масев“.

Во категоријата VIII одделение - машки, Ристо Манчев од ООУ „Сандо Масев“ го освои првото место, второто за Томче Донев од ООУ „Маршал Тито“ Муртино и третото место за Панче Витанов од ООУ „Сандо Масев“. Прва кај девојките од VIII одделение беше Сара Стојанова од ООУ „Сандо Масев“, втора Марија Пеева од истото училиште, додека трета Рената Коцева од ООУ „Никола Вапаров“.

На годинашните „Ноќни крос трки“, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица, учествуваа околу 500 ученици од основните и средните училишта од општина Струмица.