Утре прекин на струјата во околината на Струмица, погледнете каде

12 Октомври 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, утре (петок, 13 октомври), ќе има прекин на електричната енергија, и тоа:

- Од 08:30 до 14:00 часот: Роко 2000, Фабрика за мебел АЛМАК, НАВИ Пром, цело село Добрејци и дел од село Василево.

- Од 11:00 до 13:30 часот: дел од Индустриска зона Север (ДИА2), Кванташки пазар, oбјекти околу Габро, ФИКО-Пласт и околината. Краткотрајни прекини во село Баница, цело село Вељуса, Водоча, Фабрика Силотер и во село Седларци.