Во куќа во Струмица, украден пиштол, долари, златен и сребрен накит и Ајфон 6С

11 Октомври 2017

Во понеделникот во СВР Струмица, Г.Ј. од Струмица, пријавила дека истиот ден во времето од 18:00 до 20:00 часот, непознат сторител насилно влегол во нејзината куќа, при што од спалната соба одзел пиштол марка „ЦЗ“ 9мм, 300 американски долари, 1.000 денари, златен и сребрен накит и еден мобилен телефон „Ајфон 6С“, а потоа го напуштил местото на настанот.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.