Струмичанецот Јани Атанасов постигна спектакуларен гол од преку 50 метри

11 Октомври 2017

Македонската репрезентација до 19 години минатата недела во Словенија одигра две пријателски средби против Саудиска Арабија на кои прво претрпе пораз од 1:2, а потоа победи со резултат 3:2.

Крајниот епилог, сепак, ќе остане во втор план во однос на голот кој струмичанецот Јани Атанасов го постигна на првата средба, а кој е дефинитивно меѓу најубавите постигнати на еден репрезентативен натпревар во историјата на македонскиот фудбал.

Играчот на ФК „Академија Пандев“ украде топка на својата половина во близина на центарот на теренот и веднаш упати маестрален шут откако виде дека противничкиот голман е далеку од гол-линијата.

Топката беше упатена со снајперска прецизност, веднаш под пречката поради што ќе беше невозможно да биде одбранета, дури и ако чуварот на мрежата не беше толку истрчан.