Празнична честитка од Александар Донев до струмичани

11 Октомври 2017

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на граѓаните на општина Струмица им го честитаат државниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието македонскиот народ.

„Овој празник е потврда дека македонскиот народ секогаш е определен кон страната на прогресот, на светската демократија и слобода. Со благодарност правиме поклон пред борците кои ги положија животите за нашата слобода“ - рече во своето обраќање до граѓаните на општина Струмица по повод празникот 11-ти Октомври, Александар Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и носител на листата на советници за Советот на општина Струмица на претстојните Локални избори.

Донев потенцираше дека секоја генерација се соочува со предизвик во време на темнина, која бара носење на заедничка одлука да се победи храбро со љубов и светлина која извира од секој поединец.