Денеска е Денот на востанието на Македонија и Ден на борецот

11 Октомври 2017

Денеска е 11-ти октомври, Денот на народното востанието на Македонија и Денот на борецот.

По тој повод, во организација на Општина Струмица, денеска во 10:00 часот пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк, ќе се одржи чествување, на кое ќе се говори за значењето на празникот, а претставници на Локалната самоуправа, јавни локални и државни институции, на политички партии и Здруженија на граѓани, со полагање свежо цвеќе ќе им оддадат почит на загинатите борци за денешната слобода.

Веднаш потоа во 10:30 часот, на Општинското фудбалско игралиште со вештачка трева ќе се одржи турнир во мал фудбал за девојки од 8 до 14 години.

По повод Денот на востанието на Македонија и Ден на борецот, утре на 12-ти октомври во 18:00 часот ќе се одржат традиционалните Ноќни крос трки за ученици од основните и средни училишта.