Заев: Никој и ништо ќе бев без вас струмичани мои

10 Октомври 2017

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, вечерва на митингот во неговата родна Струмица, каде беа претставени кандидатите за градоначалник и членови на Советот на општина Струмица, имаше емотивно обраќање. Им порача на своите струмичани дека тие се најзаслужни што денеска Македонија слободно живее.

„Ах мори Струмицо моја колку ми фалиш, колку ми требаш, колку ми значиш. Ти си ми најдобрата учителка како се сакаат луѓето, како се сака родното место. Никој и ништо ќе бев без вас струмичани мои. Вие бевте едрата на бродот со кој пловев. Вие бевте мојот штит кога се борев со змејот кој ја ништеше Македонија. Вие бевте мојата сила да подадам рака и кога креваа рака врз мене. Ве сакам сите, струмичани мои! Не постојат зборови да ја изразам сета среќа што ја чувствувам вечерва. Каде и да одам, Струмица ќе остане мојот дом. Бев секаде, но моето срце секогаш заигрува најсилно во мојата родна Струмица“ - рече Заев.

ФОТОГАЛЕРИЈА од митингот >>>