Јаневски: Одиме на патот на прогресот во кој секој ќе биде важен

10 Октомври 2017

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“, Коста Јаневски, вечерва од митингот на плоштадот во Струмица рече дека општина Струмица е најпрогресивната општина во Македонија.

„Теророт и хаосот во Македонија е минато и никогаш нема да се повтори. Одиме на патот на прогресот во кој секој ќе биде важен. Ќе имаме максимална поддршка од нашиот премиер. За се постои свое време. Сега е време за нови предизвици. За разлика од нашиот противник, ние продолжуваме со живот во Струмица за сите. Струмица е нашата гордост, првата гасифицирана општина, општина со првата катна гаража и плоштад со подземно паркирање“ - рече Јаневски.

Тој вети дека ќе ги зголемува зелените површини, нова патна и водоводна инфраструктура и ќе изгради мост кој ќе ги спојува минатото и иднината.

ФОТОГАЛЕРИЈА од митингот >>>