Даскаловски: Струмица сега со помош и на централната власт ќе цвета како мајско цвеќе!

10 Октомври 2017

На вечерашниот предизборен Митинг на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“, носителот на листата на членови за Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, вели дека сега се свртени кон иднината со нов предизвик, убавата општина Струмица да биде уште поубава.

„Тој наш предизвик се вика „Живот во Струмица“. За таа цел имате добитна комбинација каква што можете да посакате. Комбинацијата ви е две во едно, ем го имате доктор Коста Јаневски, како градоначалник со кој ќе се гордеете, ем не имате нас од победничката листа на СДСМ и Коалицијата. Јас ја добив честа и задоволството да ја предводам таа листа од прекрасни луѓе и ве уверувам дека нема да ве  изневериме. Бидете убедени дека општина Струмица, овој пат со помош и на централната власт ќе цвета како мајско цвеќе. Зошто мајско? Затоа што јас и Коста Јаневски сме родени во месец мај, и затоа што Струмица е опеана во песната „Еден прекрасен мајски ден“ - рече Даскаловски.

ФОТОГАЛЕРИЈА од митингот >>>