Милковски: Ова ли е животот со кој се фалеа на нивните предизборни митинзи плашејќи го народот со нас

10 Октомври 2017

Кандидатот за член на Советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија, Сашо Милковски, денеска одржа прес конференција на која ја обвини Владата предводена од СДСМ „за погрешните политики“.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Слушаме дека „слобода“ е најупотребуваниот збор од новите властодршци во Скопје! Незнам дали ја ослободија Македонија, но Струмица ја ослободија сигурно!

Од каде да почнеме драги мои сограѓани! Дали да ги прашаме за мигрантите кои што упорно ги негираат како нивна новосоздадена реалност за да му се допаднат на Западот, дали да ги прашаме за доделувањето на тендери на самите себе, за укинувањето на многу мерки кои се од витално егзистенцијално значење за секој човек во оваа земја.

Само СДСМ не убедува дека не е така. Затоа што така им одговара! Важно е тие да бидат на власт, а што ќе биде со државата ним не им е гајле.

Ние, драги наши сонародници, заедно со сиот мирољубив народ во Македонија сме означени како најголеми иредентисти на Балканот! И тоа  Благодарение на владата на СДСМ! Има ли поголема навреда за нас, за целиот македонски народ, од тоа? Утре ќе им побараат да го сменат името и идентитетот! Зарем мислите дека ќе пружат отпор?! Нема! Оваа влада не пружа отпор, оваа влада само исполнува желби! Исполнува желби на сите, само нема слух за потребите и желбите на сопствениот народ!

Се жалеа на медиумите, на судството! Ги гледате ли сега новинарските одреди кои маршираат и сите до еден викаат „СДСМ“, „СДСМ“! Тоа ли е слободното новинарство во кое се колнеа!

Видовте ли со каква леснотија пуштаат затвореници, а прво со што се зафатија е да амнестираат тешки криминалци! На сите ни е јасно зошто го прават тоа. Сите криминалци кои беа подзаборавени од јавноста сега исползија како мечки на сонце! Граѓаните мора да знаат дали тие криминалци се ослободени за да бидат во служба на СДС за локалните избори?

Ова ли е животот со кој се фалеа на нивните предизборни митинзи плашејќи го народот со нас, опозицијата. Ова ли е политичката толеранција за која се залагаа! Многу брзо заборавија кога тие беа во опозиција.

Една продуктивна политика не видовме од јуни наваму. Само претурање од шупливо во празно! Бесмислено додворување кон граѓанскиот сектор преку удомување во владините служби, назначување на дупли министри, еден официјален и еден неофицијален во вид на советници на премиерот, натамошно трупање на администрација, гломазна и неефикасна влада.

Мене ми изгледа дека оваа влада има советници за се, освен за главното: за водење на политика! Се развива опасна спирала на популизам, а главните проблеми – застојот во зачленувањето во НАТО и ЕУ, невработеноста и иселувањето на младите повеќе не се на агендата на новата социјалдемократска влада! Тие беа само предизборен мамец за гласови!

Оваа влада, свесна дека брзо ѝ истекува времето и дека нејзините ментори се нестрпливи да го испорача тоа што го вети за да ги инсталира во власта, е подготвена на се, само за да ги задржи своите фотелји. И тука нема да има пардон за никого!

Затоа, драги мои струмичани, отворете добро очи за кого ќе гласате на 15 октомври. Доволно видовме од јуни наваму. Не нѝ требаат натамошни докази дека оваа влада нема да донесе ништо добро за Македонија.

Но јас верувам во вас, драги мои струмичани, дека на 15 октомври ќе го ЗАОКРУЖИТЕ БРОЈ 13 и ќе гласате за ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА „За подобра Македонија“. Само така сите заедно ќе го направиме вистинскиот избор.