Во четврток прекин на електричната енергија во струмичко. Погледнете каде

10 Октомври 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека во четврток (12-ти октомври), поради реализација на инвестициони зафати ќе има прекин на електричната енергија и тоа:

- од 08:50 до 15:00 часот: селата Мемешли, Орманли, Дорломбос, Рудник Огражден Мемешли, Костурино, репетитор Раборци, викенд населба Раборци, ЕЛАС Раборци.

- од 11:00 до 13:30 часот: Индустриска зона Василево, Добрејци, Градашорци, Ангелци, Ресторан „Каме“ во Индустриска зона Север.

- од 13:00 до 15:30 часот: Расадник према село Просениково и сервис ТА Тритерол.