СДСМ вечерва со предизборен Митинг на плоштадот во Струмица

10 Октомври 2017

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе одржи предизборен Митинг на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Вечерва пред струмичани ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Коста Јаневски и дваест и тројцата кандидати за членови на Советот на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата.

На митингот ќе се обрати кандидатот за градоначалник Коста Јаневски, носителот на листата за советници и претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од ОО на СДСМ Струмица упатуваат јавна покана до членовите и поддржувачите на кандидатите „за живот во Струмица“, да дојдат и да слушнат дел од Програмата што ќе ја понудата за општина Струмица.