Лихтенштајн поразен во Струмица со четири гола

09 Октомври 2017

Трет триумф за нашиот нацинален тим вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица. По осум натпревари конечно радост на домашен терен. Лихтенштајн дома се враќа поразен, со примени четири голови.

Македонија заврши на 5-та позиција на овие квалификации, што е чекор погоре од последните квалификации за европско и светско првенство.

Струмица ќе остане запаметена и по враќањето на фудбалските терени на Аријан Адеми, кој максимално емотивно со солзи радосници го прослави и со деби гол. Деби гол и за Енис Барди, деби гол и за Висар Муслиу, деби во националниот дрес и за струмичанецот Љупчо Дориев, потврда на „Младост“ како одличен домаќин на репрезентативците.

Струмица ова лето беше среќен терен за дел од нашите претставници во Европа, откако одигравме нерешено со Албанија, циклусот Македонија го завршува со полн погодок, 4:0 против Литенштајн.

ФОТОГРАФИИТЕ се превземени од www.ekipa.mk