ФОТО: Груевски на забава во „Селект“ со младите од УМС Струмица

09 Октомври 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по синоќешниот митинг на плоштадот во Струмица, беше дел од забавата што ја организираше Унијата на млади сили во ноќниот бар „Селект“.

Друштво му правеа претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Донев, претседателот на Унија на млади сили, Владимир Нелоски, на струмичкото УМС, Владимир Ристов, кандидатот за градоначалник, Марјан Бајрактаров и дел од кандидатите за членови на Советот на општина Струмица.

Младите од УМС со аплауз и скандирање го поздравија својот лидер Груевски и кандидатот за градоначалник Бајрактаров.

За добрата забава со музиката се погрижи Панчо ДНК.