ФОТО: Алмак ги изненадува сите!

07 Октомври 2017

Продажно-изложбениот салон „HOME by Almak“, на компанијата „Алмак“ од Струмица, по повод четвртата годишнина од отворањето и огромните попусти на својата производствена програма, но и на производи од домашни и странски компании, буквално стана своевиден Саем за мебел.

Во стилот на големите светски брендови, „HOME by Almak“ за секој посетител нуди огромни изненадувања, како за најмалите, така и за возрасните, со што купувањето во овој салон е задоволство на секој посетител.

Од „Алмак“ тврдат дека се обидуваат на секој начин купувањето во нивниот салон да биде вистинско задоволство.

Додека возрасните одлучуваат што да купат, аниматори се грижат за најмладите, а за секој посетител има дополнителни изненадувања.

Вратите на „HOME by Almak“ се отворени и утре, недела, кога и завршува роденденскиот викенд...

ФОТОГАЛЕРИЈА