Исчезната е 39-годишната струмичанка Жулиета

06 Октомври 2017

Од вчера исчезната е 39-годишната струмичанка Жулиета Максудова. Последен пат ја видел нејзиниот брат, вработен во „Охридска банка“ во Струмица вчера, околу 11:30 часот, кога дошла да подигне 6.000 денари. Случајот е пријавен во СВР Струмица. Семејството Максудови упатуваат апел до сите граѓани, доколку некој има било каква информација да се јави на: 072/215-490.