Македонски Спорт: Кевин Тајс е новиот лик во Струмица

23 Септември 2017

Ростерот на Струмица за следната сезона од денеска е побогат за уште едно странско име. Раководството на прволигашот КК Струмица постигна договор со Американецот Кевин Тајс - пишува „Македонски Спорт“.

Станува збор за играч на позицијата бек-шутер, висок 196 сантиметри, кој доаѓа од Ли Универзитетот од САД. И за него настапите во дресот на Струмица ќе бидат и првото европско искуство.

Претходно, во летниот преоден рок, Струмица ги ангажираше и неговите сонародници Рантавиус Гилберт и Џервон Џонсон, кој, интересно, е соиграч на Тајс од истиот Универзитет,што е една вистинска реткост.

Двајца играчи од ист Универзиетот од САД, првите европски искуства да ги стекнуваат во еден ист клуб и тоа во Македонија.

Превземено од Македонски Спорт