Столбчињата го решија узурпирањето на тротоарот. Учениците и пешаците слободно се движат

19 Септември 2017

Тротоарот покрај Основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица, до вчера беше узурпиран од возачите на моторни возила и секојдневно во текот на денот и ноќта беше паркинг место за нив, а учениците и останатите пешаци мораа да се движат по улицата, која исто така од една страна беше блокирана со паркирани возила.

Но, ЈП „Паркиралишта Струмица“ им стави крај на несовесните возачи, постави заштитни столбчиња на тротоарот на оваа улица и сега сликата е сосема друга, тротоарот си ја доби својата функција, печашка зона за поголема безбедност на учениците кои одат и се враќат од училиштето.

Поставувањето на столбчињата освен на тротоарот на улицата „Ванчо Китанов“ од страната на ООУ „Сандо Масев“, продолжува и на улиците „Панче Пешев“ кај ЈЗУ „Општа Болница“, „24-ти Октомври“ кај ЈПКД „Комуналец“ и на „Братство Единство“, на потегот од булеварот до Народна техника.