Спортскиот центар на Горан Пандев готов до март 2018-та

19 Септември 2017

Интензивно се гради Спортскиот центар на интернационалната фудбалска ѕвезда Горан Пандев, во непосредна близина на Спортската сала и стадионот во Струмица, на површина од 5500 м².

Хотел со 10 апартмани, 40 соби, СПА-центар, теретана, сауна, турска бања, соблекувални, терен со вештачка трева и трибина за 400 посетители, во кој ќе растат и ќе тренираат голем број нови генерации не само од Струмица, туку и од целата држава.

Спортскиот центар ќе биде сведок на нови спортски успеси, место каде ќе се создаваат врвни спортисти, бидејќи освен што овде ќе тренираат младите фудбалери на Фудбалската Академија „Пандев", ќе се играт и официјални натпревари со дозвола на ФИФА и УЕФА, бидејќи истиот ќе биде според светски стандарди од најмодерен тип на спортски комплекси.

Спортскиот центар „Пандев“, во кој Горан Пандев инвестираше околу 4,6 милиони евра, го гради компанијата „Жикол" од Струмица, а треба да биде готов најдоцна до март идната година.