„Комуналец“ почнува со кампања „Штеди вода, кажи ни како”?

18 Септември 2017

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Струмица, од среда започнува проект-кампања „Штеди вода, кажи ни како”, која ќе ги опфаќа и анимира учениците од сите основни училишта на територијата на Општина Струмица, а ќе бидат опфатени учениците од прво до петто одделение.

Со реализација на проектот се очекува постигнување на генералната и конкретна цел која е поставена, а тоа е едукација и подигнување на еколошката свест, изградување на позитивен однос кон природните богатства и животната средина, изградување на позитивен однос кон општествените добра, формирање навики за штедење на водата, стекнување културни хигиенски навики, развивање свест за правилна употреба и продолжување на времето на користење на чешмите, рационална потрошувачка во својата средина, штедење на водата и финансиска заштеда на подолг временски период.