Турскиот бренд „АЏО текстил“ веќе три години во регионот преку „Класик Бјути“

17 Септември 2017

Реномираниот турскиот бренд „АЏО текстил“, кој изработува драпери и завеси од природни материјали со елегантен и луксузен дизајн, со веќе тригодишно присуство и во југоисточниот регион, преку компанијата „Класик Бјути“ од Струмица, вчера во хотелот „Студио ИН“, одржа мал хепенинг, односно промоција пред своите деловни парнери од Македонија и Грција, потрошувачи од Струмичкиот регион, на која беше промовирана најновата колекција за сезоната 2017/2018-та.

„Три години на нашиот пазар се среќаваме со прекрасните пердиња и декоративни материјали, кои порано беа присутни единствено во Шпанија и Италија, и еве веќе три години ги красат домовите на повеќето од вас“ - рече во своето обраќање сопственичката на „Класик Бјути“, Пале Стојанова, изразувајќо го и своето присуство на сопственикот на компанијата „ACO textile“ од Турција, Џан Албајрак и директорката за Македонија, Гордана Десановска од Битола.

„Компанијата АЏО, која е присутна во повеќе европски земји, изрази интерес да биде присутна и на пазарот на балканот. После подолго истражување ја одбра Македонија и н еколку реномирани македонски компании, меѓу кои посебно би ја издвоила „Класик Бјути“, која е денеска наш домаќин и која успешно и професионално ги задоволува сите барања на клиентите. Сигурна сум дека соработката со госпоѓа Пале ќе продолжи на уште повисоко ниво“ - рече во своето поздравно обраќање директорката на „АЏО текстил“ за Македонија, Гордана Десановска.

ФОТОГАЛЕРИЈА