Трагедија во Сушица: Татко и син загинаа од струен удар

17 Септември 2017

Синоќа околу 21 часот во селото Сушица, во својот домот од струен удар загинаа татко и син.

Според информациите од СВР Струмица, 54-годишниот Илија П., додека се туширал во купатилото, од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место. Откако тоа го забележал неговиот син, 30-годишниот Марјан П., сакајќи да му помогне на својот татко и тој добил струен удар и починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и од ЕВН Македонија.

Денеска Сушица тагува, улиците се празни. Жителите се простија од своите соселани Илија и Марјан.