Само двајца кандидати за градоначалник на Струмица и две советнички листи

15 Септември 2017

Синоќа до Општинската изборна комисија во Струмица биле доставени два предлози за градоначалник на општина Струмица за претстојните Локални избори. Тое се д-р Коста Јаневски од СДСМ и Коалицијата и д-р Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Ова ни го потврди претседателот на ОИК, Александар Чаботарев.

Од овие две партии беа доставени и предлог листа на советници од 23-ца кандидати за Советот на општина Струмица.

Општинската изборна комисија во рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати треба да утврди дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е во согласност со одредбите на Изборниот законик. Потврдените кандидатски листи треба да бидат доставени до ДИК, најдоцна до 16 септември. Според Роковникот за изборни активности, жрепката треба да се одржи на 18 септември. Шестите локални избори се закажани на 15 октомври (недела). Изборната кампања почнува на 25 септември на полноќ, а ќе заврши на 13-ти октомври