ФОТО: Стадионот во Струмица блесна за меѓународните натпревари на Македонија

23 Август 2017

Се финишираат подготовките за доуредување на стадионот „Младост“ во Струмица за претстојниот натпревар на репрезентацијата на Македонија против Албанија на 5-ти септември.

Дополнително на стадионот се монтирани две нови трибини зад головите со столчиња во боите на ФК „Беласина“, сино-бели, подобрено е осветлувањето, просториите за екипите и за официјалните фудбалски лица, со што ќе се исполнат сите услови според правилата на УЕФА.

Сепак, стадионот Младост ќе биде предмет на контрола од УЕФА, за тоа дали ги исполнува условите за одржување на ваков натпревар. На 25 август во Струмица ќе допатуваат претставници на УЕФА кои ќе направат последна проверка на теренот.

Освен натпреварот помеѓу Македонија и Албанија, на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одигра квалификациониот натпревар помеѓу Македонија и Лихтенштајн.