Министерот Шапуриќ во посета на Струмица

22 Август 2017

Министерот Зоран Шапуриќ престојуваше во Струмица, каде оствари средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, а посети и неколку производствени капацитети во овој струмичкиот регион. 

Како што соопшти денеска Кабинетот на министерот, на средбата Шапуриќ и Костадинов разговарале за можната соработка во разни проекти, коишто би биле насочени кон натамошен развој на економијата во општина Струмица, а во функција на подобрување на инвестициската клима за струмичките компании.

При посетата на струмичките производствени компании, Шапуриќ се запознал со нивното работење, како и со проблемите со кои  се соочуваат при извршување на дејноста.

Менаџерскиот тим на компаните бил запознат со мерките што ги презема Владата предводена од премиерот Зоран Заев, за стимулирање на инвестициите од страна на домашните компании, посебно за извозно ориентираните компании и со определбата парите од Буџетот да се враќаат во стопанството, што веќе се чувствува со многу побрз поврат на ДДВ.