Почина доктор Митко Коцев

21 Август 2017

Денеска попладне почина познатиот струмички доктор, Митко Коцев од Одделението за невропсихијатрија при ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, а работеше и во Центарот за лекување на зависности од наркотици и дрога „Св. Елисавета“ во Струмица.

„Неуморен доктор, колега, работник, во секое време беше спремен да му даде лекарска помош на секој пациент. Слава му... Нека почива во мир“ - напиша на Фејсбук, д-р Наќе Гогов, директор на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица и негов близок колега и пријател.

Д-р Митко Коцев е роден 1959 година во Струмица. Погребот со посмртните останки на д-р Коцев ќе биде задутре (среда), во 14:00 часот на Градските гробишта во Струмица.