Уште еден тракторист загина во струмичко

21 Август 2017

Вчера напладне на местото викано „Скрка“, на планината Еленица кај Струмица, 49-годишниот В.К од село Вељуса, управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, се превртел и се здобил со тешки телесни повреди. На пат кон болница починал.

Во незгодата со телесни повреди се здобила неговата сопруга С.К., која во моментот на несреќата била на тракторот. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Струмица.

Викендот во струмичко, односно во близина на селото Трибичино се случи уште една ваква незгода со трактор, во која загина 77-годишниот Т.Л. од Струмица.