Прва победа на „пандевци“ во Првата македонска лига

20 Август 2017

Струмичкиот прволигаш ФК „Академија Пандев“ ја запиша својата прва победа во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска попладне на стадионот „Младост“ во Струмица го победи ФК „Скопје“ со 2:0.

Струмичани, кои по долги години имаат можност да гледат прволигашки натпревар на свој клуб, уште на почетокот, во шестата минута се израдуваа на голот на Љупчо Дориев, а победата веќе јасна по првото полувреме со вториот гол во 36-тата минута од Јани Атанасов.