Загина тракторист кај Трибичино

19 Август 2017

Попладнево кај населеното место Трибичино, струмичко, се случи несреќа во која настрада 77-годишниот Т.Л. од Струмица.

Според првичните информации, несреќата се случила на излезот од селото, каде Т.Л. управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над тракторот и излетал на левата страна од коловозот и се превртел во удолнина. Од здобиените повреди починал на самото место.

Екипи на СВР излегле на терен за да извршат увид.