Американец и Италијанец ќе играт во ФК Академија Пандев

19 Август 2017

ФК Академија Пандев потпиша едногодишни договори со две нови засилувања. Станува збор за Американецот, Тревис Боуен и Италијанецот, Џулио Грифони.

Боуен е напаѓач, има 28 години и последен тим за кој настапувал е резервниот на Лос Анџелес Галакси. Грифони игра на десната бековска позиција, има 24 години и во Струмица доаѓа како слободен играч откако неодамна го раскина договорот со Месина.

Двајцата нема да можат да бидат регистрирани навреме за натпреварот против Скопје во недела, но се очекува своето деби да ги забележат на гостувањето кај Шкендија на 27 август.