ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Струмица со Марјан Бајрактаров за градоначалник на Струмица

16 Август 2017

Доктор Марјан Бајрактаров е кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„За Струмица, кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитуван сограѓанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, претседател на Општинскиот комитет и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција, заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема изборна победа на локалните избори“.

Марјан Бајрактаров е роден 1965 година во Струмица. Основно и средно образование завршува во Струмица. Дипломирал на Стоматолошки факултет во Скопје, а подоцна специјализира орална хирургија. Во брак е со Силвана Бајрактарова, јавен обвинител во Основното јавното обвинителство во Струмица. Имат две деца, Ангела и Александар.

Бајрактаров има своја приватна здравствена установа, Специјалистичка ординација по орална хирургија и сопственик е на пицеријата „Елизабет“ во Струмица.

Во периодот од 2005 до 2007 година е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Од 2009 до 2013 година е член на Советот на општина Струмица.

Член е на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активно учествува во политичкиот живот во општината.