ФОТО: Заев како премиер меѓу штитениците од Заводот на концертот на Дино Мерлин

14 Август 2017

Претседателот на Владата на Република Македонија и довчерашен прв човек на Струмица, Зоран Заев, беше присутен на коцертот на балканската мега ѕвезда, Дино Мерлин од последниот ден на „Струмица ОПЕН Фестивал 2017“.

Премиерот Заев дел од своето присуство на „Струмица ОПЕН Фестивал“, го посвети на штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација од Банско, кои беа пред самата сцена. Се симна и се фотографираше со нив при што разменија и неколку збора.

Заев и како градоначалник беше чест гостин на штитениците во Банско и секоја Нова Година ја пречекуваше во Заводот.

Освен што им посвети внимание на лицата со посебни потреби, кои присуствуваа на концертот на Дино Мерлин, Заев се фотографираше и со публиката.