Дино Мерлин: Ќе дадеме се од себе, публиката тоа ќе го препознае, очекувам прекрасен концерт

13 Август 2017

Автомобили од цела држава со фанови на балканската ѕвезда Дино Мерлин кружат низ Струмица, барат паркинг простор повеќе. Освен струмичани, вечерва се очекува публика од секаде. Дино Мерлин од вчера е во Струмица, сместен е во хотелот „Сириус“. Попладне ја направи тонската проба на големата „опенфестовска“ сцена на плоштадот. Благодарен е што ќе биде дел од годинашниот „Струмица ОПЕН Фестивал“. Вели дека со својот тим ќе дадат се од себе и дека публиката тоа ќе го препознае. Очекува и најавува прекрасен концерт за сите кои ќе имат можност во живо да слушат и уживат во неговиот двочасовен настап. Според програмата, ѕвездата Дино Мерлин на сцената ќе се појави околу 23:35 часот.